Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со температура до 24 степени

Променливо облачно време со температура до 24 степени

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и в понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: Ќе градиме нов саем со хали, хотел и спортски терени

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Министерство за култура: Филмот за Слаткар е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија