Утрински Весник
Магазин

Амброзио ја краси насловната страница на Ел Русија

Амброзио ја краси насловната страница на Ел Русија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Таа помогна да се додаде „супер“ во терминот „супермодел“ на својот пат кон титулалата модел со најголема заработка, и оваа титула ја освојуваше неколкупати во текот на нејзината славна кариера, пишуваат светските таблоиди.

Алесандра Амброзио се врати, красејќи ја насловната страница на уште едно списание за висока мода, само што овој пат таа го споделува центарот на вниманието со нејзината 12-годишна ќерка Ања и осумгодишниот син Ноа.

Алесандра покажува зошто беше и сè уште е еден од врвните супермодели додека ја краси насловната страница и насловната сторија на октомвриското издание на „Ел Русија“.

А во понеделникот, убавата Бразилка се огласи на Инстаграм за да им покаже на своите 10.2 милиони следачи неколку фотографи од фотосесијата за списанието.

Амброзио најпрво сподели фотографија на која се гледа како триото, облечено во соодветни комплети во маслиново-зелена боја, стојат во јога поза.

„Семејство каде што започнува животот, а љубовта никогаш не завршува!“ напиша таа во објавата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо