Утрински Весник
Македонија

(Видео) Откриени 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени двајца дилери

(Видео) Откриени 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени двајца дилери
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес во местото Јаворица, Демир Капија пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и на лице место приведоа две лица С.С.(33) и А.С. (56) од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана.

На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот.

Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка., како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба.

Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци