Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер на кокаин во Драчево

Кокаин и марихуана пронајдени кај туристи во Струга

Вчера околу 13.00, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршија претрес во домот на М.В.(29) од Драчево, Скопје.

При претресот, биле пронајдени и одземени кокаин, 30 куршуми калибар 9мм., семки од растението канабис сатива, марихуана и вага. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Две млади девојки се степале во Центар, кај едната полицијата пронашла остар предмет

Филипче: Во најкус рок ќе поднесеме предлог во Собранието за помош на лозарите

Заталкан куршум рани скопјанка во Драчево – погодена во рамото додека била во дворот