Утрински Весник
Македонија

Николоски и Ѓорчев учествуваа на Политичкото собрание на ЕПП

Николоски и Ѓорчев учествуваа на Политичкото собрание на ЕПП

Европската народна партија (ЕПП) денеска одржува Политичко собрание, со кое претседава претседателот Доналд Туск. Поради состојбата со корона-кризата Политичкото собрание се одржува преку видеоконференција.
ВМРО-ДПМНЕ учествува во истото претставена од потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар и член на ИК, Владимир Ѓорчев.

„На Политичкото собрание Николоски имаше свое обраќање во кое ги информираше партиите членки на ЕПП за недемократската атмосфера во која поминаа изборите на 15 јули, поткупот на гласачи, директен и институционален, притисокот врз гласачите, како и нееднаквиот пристап за промоција на својата програма и кандидати кои го имаше ВМРО-ДПМНЕ поради злоупотребата на вонредната состојба од страна на СДСМ. Николоски информираше за активностите кои ги има партијата, како и протестите кои ги организира, како и за корупциските скандали кои ја следат Владата на Заев“, соопшти партијата.

На Политичкото собрание се зборува за состојба во Медитеранот, судирот во Нагорно-Карабах, корона-кризата, како и извештаите на ЕПП и следните активности.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес попладнево во Македонија – 24info.mk

ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август 606 прекршоци и одземени 18 електрични тротинети