Утрински Весник
Свет

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува корона

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува корона

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19, бидејќи примероците на замрзната храна од странство во неколку наврати биле позитивни на коронавирус.

„Царината и локалните власти во повеќе наврати откриле коронавирус во увезената замрзната храна“, се вели во соопштението на Администрацијата за трговија во Пекинг, пренесе Ројтерс.

Надлежната служба во кинеската престолнина апелираше внимателно да се следи епидемиолошката состојба и да се избегне увоз на замрзната храна од земјите погодени од масовното ширење на коронавирусот.

Во септември кинеските власти го прекинаа увозот на замрзната морска храна од Бразил, Индонезија и Русија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот