Утрински Весник
Македонија

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Притвор за десетмина дрвокрадци кои претепааа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во Прилеп.

Осомничените минатата недела, околу 20 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот „Св Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело.

Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата.

Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер