Утрински Весник
Македонија

Дополнителни протоколи за културните настани и за градинките

Дополнителни протоколи за културните настани и за градинките

На интернет страницата на Владата се објавени Измените и дополнувањата на општиот дел од Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој се однесува на редовното работење на кината, театрите, балетските претстави, оперските претстави, филмските проекции, концертите, мултимедиските проекти, фестивалите и манифестациите од дејноста на културата.

Согласно Протоколот и измените и дополнувањата, за време на одржувањето на овие настани, задолжително е носењето на заштитна маска за сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, одржување на физичка дистанца на публиката на настанот со обележани места за седење, поставени на дистанца од 1,5-2 метри и не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката.

Задолжителното одржување на физичка дистанца од два метри се однесува и на сите членови на тимовите задолжени за организација. Според препораките, ограничен е капацитетот на посетители и тоа: настаните на отворено да се организираат со 50 проценти од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители, а настаните на затворено да се организираат со 30 проценти од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.

За сите останати прашања, за организаторите и публиката важат веќе утврдените препораки во Протоколот за начинот и условите за организација на настани.

Со овој протокол и со измените и дополнувањата не се опфатени приватните веселби.

На интернет страницата на Владата објавен е и Протоколот за активности во градинките по укинување на вонредната состојба, вклучително и измените според кои е предвидено воспитните групи за деца до двегодишна возраст да имаат максимум по 12 деца (наместо досегашните 6) и двајца вработени во смена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Единаесет наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци