Утрински Весник
Македонија

(Видео) Хелсиншки бара најстроги казни за полицајците кои брутално тепаа Ром во Битола

(Видео) Хелсиншки бара најстроги казни за полицајците кои брутално тепаа Ром во Битола

Видео снимката од полициска бруталност врз припадник на ромската заедница, која денеска се прошири на социјалните мрежи и медиумите покажува дека непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани продолжува да биде честа практика на полицијата, се вели во соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Од таму најостро го осудуваат ваквото однесување на полициските службеници и најавија дека за настанот ќе поднесат претставка до специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Основното јавно обвинителство.

„Со претставката ќе побараме да се испитаат сите околности, да се прибават докази и да се покрене постапка пред суд со цел утврдување на кривична одговорност. Дополнително, од Одделението за внатрешна контрола во Министерството за внатрешни работи, ќе побараме најстрога дисциплинска одговорност за инволвираните полицајци и покренување на кривична постпака“, се наведува во соопштението.

Од Хелсиншкиот комитет изразуваат голема загриженост за зачестеноста на полициската бруталност врз ромската заедница.

Потсетуваат дека овој инцидент во Битола се случува само три месеци по полициската бруталност врз бездомни лица-Роми кои живеат под Железничката станица во Скопје.

„Ромите во земјава секојдневно се соочуваат со системска дискриминација во речиси сите општествени сфери“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик