Утрински Весник
Свет

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Повеќе од девет милиони луѓе во светот оздравеле од коронавирус

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција, 250 повеќе од претходниот ден. Починаа 20 лица како последица на вирусот.
Последните 24 часа, рекорден број на луѓе биле тестирани за Ковид-19, повеќе од стотина илјади.

Американски инфектолог Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергии и болести (НИАИД), оцени дека Италија „мора да биде крајно внимателна во оваа фаза, имајќи предвид дека инфекцијата со коронавирус се шири во соседните земји и дека ова е време на голем предизвик“, бидејќи треба да се обнови економијата.

Д-р Фаучи учествуваше на интернет-конференцијата „Граници, фестивал на здравјето“ (Frontiere-Festival di Salute) организирана во Рим и по тој повод рече дека враќањето во нормален живот може да се очекува на крајот на следната година.

До тогаш, Фаучи препорачува строго почитување на пропишаните мерки: заштитни маски, физичко растојание, избегнување групни собири и останување надвор.

Според него, до крајот на оваа година е можно да се очекува ефикасна вакцина, мнозинството од светската популација може да се вакцинира во текот на следната година, но не и целата популација, како што е случајот со вакцината за сипаници.

„Доволно е да се вакцинираат 75% од светската популација за да се запре ширењето на инфекцијата“, рече Фаучи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков