Утрински Весник
Македонија

Смилевски во посета на основното училиште ‘’Петар Здравковски- Пенко’’

B3

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски беше во посета на основното училиште ‘’Петар Здравковски- Пенко’’. Во дворот на училиштето имаше работна средба со директорот Енис Мехмети. Оваа работна средба беше со цел да се види подготвеноста на училиштето за старт на новата учебна година. Сите активности во училиштето се во завршна фаза , односно направена е целосна модерна реконстукција на санитарните јазли и соблекувалните во спортската сала. Во дворниот простор на училиштето целосно е заменета старата ограда со нова жичена ограда во должина од 400метри, исто така отворена е и нова влезна врата која е поврзана со нова бекатонска патека од 100метри .На териорија на Општина Бутел ова училиште е прво по големина,настава посетуваат околу 1500 ученици на три наставни јазици.

Можете да прочитате

Миноски: Нулта толеранција за корупција и крај на партизацијата – време е за нов систем

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027