„Вечерва се случи уште едно фијаско на губитникот Христијан Мицкоски и неговите приврзаници во обид да го одбранат криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исплашени од одговорност и неселективното владеење на правото Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш застанаа зад неправдата и криминалот“, соопшти СДСМ.
Како што се наведува во реакцијата на партијата, „вечерва нервозниот Мицкоски и неговите приврзаници застанаа зад насилниците кои на 27 април се обидоа да убиваат пратеници во Собранието, застанаа зад осудени криминалци и извршители на Никола Груевски, како Гордана Јанкулоска“.
„Ако навистина е за правда и владеење на правото, Мицкоски ќе ги повикаше своите соработници против кои се водат предмети и истраги, да се соочат со одговорноста, а не како вечерва да се обидува да врши притисоци врз судството и обвинителството, како во мрачните години на режимот.
Нема поголемо лицемерие од тоа Мицкоски да зборува за слободата на медиумите кога токму неговата партија апсеше и затвораше новинари, вршеше упади во медиуми и системски корумпираше медиуми.
Нема поголемо лицемерие тој да зборува за притисоци врз администрацијата кога токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше невидени притисоци врз вработени во јавната администрација.Мицкоски е неуспешен бранител на криминалот и неправдите, ВМРО-ДПМНЕ е симбол на режим, на политички терор, реваншизам и „Сваровски“ судство. Граѓаните тоа многу добро го знаат и затоа му испорачаа три силни порази на изборите на Мицкоски и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски останува на страната на неправдата и затоа останува во опозиција уште долго време“, се вели во реакцијата.