Утрински Весник
Македонија

За еден ден во Скопје изречени 128 казни за брзо возење

За еден ден казнети 346 возачи во Скопје, 150 од нив возеле пребрзо

Полицијата во текот на вчерашниот ден (22 септември) спровела засилени контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје.

Притоа биле изречени вкупно 325 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 18 лица, за пречекорување на дозволената брзина 128 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 11 казни, 9 санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак. Изречени биле и 36 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните 

За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

Пеколните жештини продолжуваат, постарите лица најпогодени, ИЈЗ со препораки