Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со попладневна нестабилност и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено в сабота, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во следните денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен в сабота.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна