Утрински Весник
Свет

Во Црна Гора 230 нови случаи на коронавирус

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на коронавирус, од 664 тестирани примероци, објави денес Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Како што се наведува, најголем број новозаразени има во Погорица (77) и Никшиќ (64).

Потврдени се два смртни случаи, а вкупниот број на починати од коронавирус од почетокот на годината во Црна Гора е 138.

Во последните 24 часа, пријавени се 157 излекувани.

Вкупниот број на активни случаи на коронавирус во Црна Гора е 3.279, а од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 8.842 случаи

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран