Утрински Весник
Спорт

Вињалес ја освои Големата награда на Сан Марино и Римини

Вињалес ја освои Големата награда на Сан Марино и Римини

Возачот на Јамаха Маверик Вињалес победи на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини. Шпанецот со првата победа во сезоната се искачи на второто место во генералниот пласман со 83 поени, колку шти има и Фабио Квартараро од Петронас Јамаха, додека со поен повеќе лидер е Андреа Довициозо од Дукати.

Вињалес кој стартуваше од пол-позицијата првото место му го препушти на Пеко Бањаја (Прамак Дукати) во четвртиот круг, но фдојде до победата откако лидерот во трката на седум круга до крајот направи грешка излета од патеката и не ја заврши трката.

Драматично беше во борбата за второто место, Жоан Мир на Сузуки на два круга до крајот успеа да ги мине Габиот Квартараро и Пол Еспаргаро (КТМ).

На крајот Мир заврши како втор, Квартараро мина трет низ целта, меѓутоа доби казна од три секунди па му го препушти местото на Еспаргаро.

> Вињалес ја освои Големата награда на Сан Марино и Римини <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо