Доколку не продаде некој од фудбалерите во кои изминатите години вложи многу пари Барселона нема да може да биде активна на трансфер-пазарот тврдат странските медиуми. Ова значи дека Роналд Куман ќе мора да ја истурка сезоната со актуелниот состав.
Според медиумите Ла Лига им забраниле на Барселона да трошат пари поради актуелната финансиска ситуација во клубот која е далеку од идеална.
Клубовите во Шпанија мора да работат според правилникот и преземените финансиски мерки поради новонастанатата ситуација што ја предизвика коронавирусот.
Барселона на плати годишно троши 500.000.000 евра и поради тоа ЛА Лига не ѝ дозволува нови трансфери. Челниците на Ла Лига исклучок би направиле само доколку Барса успее да продаде некој играч (Дембеле, Кутињо…).
Изминатите денови со Барселона се поврзуваше Жоржињо Вајналдум, но како стојат работите овој трансфер нема да се случи.
„Во УЕФА ги гледаат бројките кога ќе заврши сезоната, ние тоа го правиме пред таа да започне. Доколку Барселона се обидат да направат нешто нашите аналитичари веднаш тоа ќе го забележат. Ние имаме финансиски систем кој е поинаков од финансискиот фер-плеј на УЕФА“, рекол Жорис Еверс од Ла Лига.
Според некои се уште непотврдени извештаи поради кризата што ја предизвика коронавирусот Барселона изгубиле 300.000.000 евра.
> Барселона не смее да носи нови играчи <