Утрински Весник
Свет

Папата Франциск: Вакцината мора да биде достапна за сите

Папата Франциск: Вакцината мора да биде достапна за сите

Папата Франциск повика вакцината против Ковид-19 да биде универзална, да не биде достапна само за најбогатите земји, така што сите, па и најсиромашните, ќе можат да се излечат во оваа пандемија, пренесува Дојче веле.

„Покрај сериозната состојба со пандемијата поради која веќе загинаа речиси милион луѓе, се случува и сериозна економска криза со сиромашни луѓе и семејства кои не знаат како да продолжат напред“, изјави папата.

„Би било тажно ако со вакцината им биде даден приоритет на најбогатите или ако стане сопственост на оваа или онаа нација, а не за секого. Таа мора да биде универзална “, додаде папата.

Папата Франциск жали што има народи ширум светот кои немаат пристап до одредени лекови и оцени дека таквата состојба создава неправда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протест на британските плажи поради загаденоста на водата

Паника во Бољшој театар, 2.000 луѓе беа итно евакуирани

Нетанјаху: Барањата на Ганц ќе доведат до пораз и создавање на палестинска држава