Утрински Весник
Свет

Две лица убиени, 14 ранети на домашна забава во Њујорк

Седум убиени во пукање во Калифорнија

Две лица се убиени, а 14 повредени рано утрово во пукање што се случи на забава во двор на приватна куќа во Рочестер, Њујорк, изјави началникот на полицијата Марк Сајмонс.

Тој кажа дека во пукањето се убиени едно машко и едно женско лица на возраст од 18 и 22 години.

„Во моментов нема осомничени и сè уште е рано да се каже колку лица пукале“, вели Сајмонс.

Тој кажа дека 14 ранети се префрлени во две различни болници и дека никој од нив не е во животна опасност.

„Ова е навистина трагедија од епски размери“, рече Сајмонс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Такер Карлсон: Трамп во наредните денови би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран

Зеленски е подготвен за средба со Путин

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида