Утрински Весник
Спорт

„Ферари е влезен во дупка“

„Ферари е влезен во дупка“

Извршниот директор на Скудерија Ферари Луј Камиљери истакнал дека сите во тимот се свесни за проблемите со кои се соочуваат и дека на тимот ќе му биде потребно време за да биде повторно конкурентен.

Според него Ферари нема и во 2021 година нема да биде конкурентен, туку дека се очекува да го фати вистинскиот правец во 2022 година кога ќе започнат да се применуваат новите правила.

„Капата долу за Мерцедес, фантастично работат, но ќе видиме во 2022 година со новите правила како се ова ќе изгледа“.

Скудерија Ферари, во неделата, ја прослави 1.000 трка во Формула 1, меѓутоа јасно е дека зад нив е тешка сезона. Во конкуренцијата на конструктри Ферари се наоѓаат на шестото место со само 66 поени.

„Во дупка сме, го знаеме тоа. Повеќе фактори влијаеа. Се што ќе кажам ќе делува како да бараме оправдување, а тоа не сакаме да го правиме“, рекол Камиљери.

„Важно е да се фокусираме на проблемите со кои се соочуваме, да се обидеме да ги решиме. Реално, ќе биде тешко. Не постои магично копче. Потребно е време“, заклучил извршниот директор на Ферари.

> „Ферари е влезен во дупка“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор