Утрински Весник
Македонија

Новинарска екипа нападната во текот на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарска екипа нападната во текот на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарката од „Ал Џезира“, Милка Смилевска, на социјалните мрежи објави дека за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, таа и нејзиниот колега-снимател биле нападнати.

Dečkoto na prvoto video što go prijaviv na policaecot, ne napadna so kolegata Jorde i mi go butna mikrofonot dodeka…

Posted by Smilevska Milka on Среда, 09 септември 2020

„Дечкото од првото видео што го пријавив на полицаецот, не нападна со колегата Јорде и ми го бутна микрофонот додека снимав изјава. Претходно ме праша дали сум од ‘Ал Џезира’ и тоа беше повод за нападот. Полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава. Јас нема да го тужам. На второто видео се слуша кога микрофонот паѓа. Кога го приведе полицаецот, не сакаше да се легитимира“, пишува новинарката.

Таа исто така додава дека борбата треба да биде со аргументи и дела и дека нема потреба од агресија.

„Ако некој медиум не ви се допаѓа не го гладајте или читајте, не го напаѓајте физички“, стои во објавата на Смилевска.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги

Костадинов кон струмички угостители: „Плоштадот им припаѓа на сите граѓани“

ФЕС: Преку музика, политика, графити, поезија и илустрација, утре уметноста ќе го искаже својот став во Струга