Утрински Весник
Свет

Во Австралија уапсени демонстранти против рестриктивните мерки

Во Австралија уапсени демонстранти против рестриктивните мерки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Австралиската полиција денеска уапси десетици лица на протестите против строгите мерки за борба против коронавирусот на кои присуствуваа стотици луѓе низ целата земја, објави Би-би-си.

Во Мелбурн, епицентарот на епидемијата во Австралија, околу 300 лица маршираа во знак на протест против строгите мерки кои се на сила веќе еден месец.

Демонстрантите извикуваа „слобода“ и „човековите права се важни“.

Полицијата во Мелбурн соопшти дека уапсила 15 лица, 14 поради кршење на строгите мерки и едно за физички напад врз полицаец. Тие исто така издале повеќе од 150 казни за кршење на мерките за самоизолација.

Протести се одржаа и во Сиднеј, Бризбејн, Аделаида и Перт.

Државата Викторија бележи 70 проценти од сите инфекции и 90 отсто од сите смртни случаи од коронавирус во Австралија. Денеска беа пријавени 11 смртни случаи и 70 нови инфекции, што е значителен пад во однос на 725 инфекции на 5 август, но помал отколку што очекуваа здравствените власти по цели пет недели на строги мерки.

Се очекува дека утре премиерот на најнаселената австралиска држава Викторија, Даниел Ендрјус, ќе објави олабавување на некои мерки, иако тој и понатаму повикува на претпазливост.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година