Утрински Весник
Свет

Уште двајца мигранти на Лезбос позитивни на Ковид-19

Уште двајца мигранти на Лезбос позитивни на Ковид-19

Позитивни на Ковид-19 се уште двајца мигранти во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, кои биле сместени во близина на шаторот на 40-годишниот бегалец од Сомалија, кој беше првиот потврден случај, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Прифатниот центар од средата е во карантин, а Националната организација за јавно здравје на Грција започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, а целта е да се направат 2.000 тестови.

Според медиумите од островот, двајцата потврдени случаи се од првите 500 тестови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва бара петтина од територијата на Украина и предупредува дека можностите се стеснуваат

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош за Украина

Тим Валц, гувернер на Минесота, кандидат за потпретседател на САД од Демократите