Утрински Весник
Свет

Италија со закон ја класифицира мигрената како болест што предизвикува инвалидитет

Италија со закон ја класифицира мигрената како болест што предизвикува инвалидитет

Италијанскиот Сенат одобри предлог закон со кој се класифицира мигрена и тешка главоболка како болести што предизвикуваат инвалидитет, пишува италијанскиот весник „Манифесто“.

Повеќе од 26 милиони Италијанци страдаат од главоболка, од кои 75 проценти се жени, а осум милиони страдаат од хронична мигрена.

„Оние кои страдаат од мигрена имаат комплициран живот и честопати не им се верува. Земаат лекови против болки, кои немаат долгорочни ефекти, а сето тоа го чини пациентот најмалку 2.600 евра годишно, не сметајќи ги тешките ефекти во личниот и професионалниот живот”, изјави за весникот сенаторката Паола Болдриним која е еден од потписниците на законот.

Со тој закон, мигрената ќе биде призната, на национално ниво, како болест што предизвикува инвалидитет, што е прв чекор за точна дијагноза преку специјализирани центри што се отвораат низ цела Италија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Оружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети

Путин: Украинските дронови оштетија околу сто руски бродови

Калас: Обидот за напад со дрон во Германија има карактеристики на државно спонзориран тероризам