Утрински Весник
Спорт

Јокиќ ги однесе Денвер во полу-финалето на Западот

Јокиќ ги однесе Денвер во полу-финалето на Западот
Dik 300x250 mk

Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез 80:78 и се пласираа во полу-финалето во Западната конференција. Нагетс серијата против Јута ја добија со 4:3, иако нивните противници имаа предност од 3:1.

Мајсторката помеѓу Денвер и Јута беше најлошиот меч во оваа возбудлива серија. Двата тима заедно постигнаа само 158 поени. Потфрлија најдобрите играли во оваа серија Џамал Мареј (Денвер) и Донован Мичел (Јута).

Кај Денвер блескаше Никола Јокиќ кој постигна една третина од поените на тимот. Српскиот центар ги постигна клучните поени на 17,5 секунди до крајот на мечот. Јокиќ мечот го заврши со 30 поени, 14 скока и 4 асистенции. Покрај Јокиќ двоцифрени кај Денвер беа уште Мареј (17 поени) и Мајкл Портер (10 поени, 9 скока).

На спротивната страна Руди Гобер забележа 19 поени и 18 скокови. Најефикасен кај Јута беше Мичел кој во последниот период постигна само еден поен.

Денвер во полу-финалето ќе играат против ЛА Клиперс.



> Јокиќ ги однесе Денвер во полу-финалето на Западот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување