Утрински Весник
Економија

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска, 2 септември 2020 година (среда) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец август 2020 година.
 
Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 2 септември (среда) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 септември (четврток) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 септември (петок) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
 
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 септември 2020 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива

Македонија станува сè попривлечна за странските туристи – што стои зад растот?