Утрински Весник
Свет

Турските воени авиони извршија неколку воздушни напади во Ирак

Турските воени авиони извршија неколку воздушни напади во Ирак

Турските воздухопловни сили спроведоа серија на воздушни напади во северен Ирак, јавува „Скај њуз Арабија“. Според телевизискиот канал, нападите биле извршени во провинцијата Дохук во ирачки Курдистан. Не се дадени детали, пренесува ТАСС.

Анкара не ги коментира овие извештаи.

Ирачкиот телевизиски канал Рудав во средата објави дека турските воени авиони извршиле два напади врз населба лоцирана во граничната зона. Пред една недела, турско беспилотно летало нападна конвој на ирачки граничари северо-источно од Ербил, главниот град на ирачката курдистанска автономна област. Според Анкара, нападот бил извршен по грешка. Шеснаесет лица загинаа – петмина ирачки граничари, меѓу кои и двајца високи офицери и единаесет членови на Курдистанската работничка партија.

По нападот, првиот потпретседател на ирачкиот парламент Хасан ал-Каби го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да интервенира и да ја запре Турција. Ирачкиот министер за надворешни работи ги откажа сите посети на турските власти и му врачи протестна нота на турскиот амбасадор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина за прв пат го нападна рускиот град Екатеринбург

Маѓар ќе ја проверува финансиската поддршка што Орбан ја давал за Унгарците во Србија

Двајца агенти на ЦИА убиени во Мексико, едниот влегол како турист, другиот како дипломат