Утрински Весник
Свет

Австралиец со голи раце удирал ајкула за да ја спаси својата сопруга

Австралиец со голи раце удирал ајкула за да ја спаси својата сопруга

Човек од Австралија скокнал од својата даска за сурфање на ајкула која ја нападнала неговата сопругата и го удрил морското живото неколку пати, додека тоа не ја пуштило жената, пренесува Би-би-си.

Шантел Дојл (35) сурфала на плажата Шели во Нов Јужен Велс кога била нападната од ајкулата. Нејзиниот сопруг тогаш започнал да ја удира ајкулата сè додека не ја ослободил, а потоа ја однел сопругата на брегот. Таму, случајни минувачи на жената и дале прва помош. Дојл потоа била однесена во болница со тешки повреди на десната нога.

Експертите веруваат дека несреќната жена била нападната од голема бела ајкула со должина до три метри. Од службата за спасување го пофалиле нејзиниот сопруг Марк Рапли поради брзата и смела реакција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп потпиша меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на војната

Најголем украински напад со дронови врз Москва во последните две години

Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија