Утрински Весник
Спорт

Халеп и Мертенс ќе играат за титулата од Прага

Халеп и Мертенс ќе играат за титулата од Прага

Двократната гренд слем шампионка Симона Халеп ја доби романската битка со Ирина Бегу со 7:6(2)/6:3 за да се пласира во финалето на Прага опен, нејзиниот прв турнир по паузата поради корона вирусот.

Во финалето, таа ќе има реприза од минатогодишното финале во Дубаи, дуел со Белгијката Елизе Мертенс за титулата, откако таа со 7:5/7:6(4) беше подобра од домашната фаворитка Кристина Плишкова.

Ова е одлична вест за Халеп, која започна тешко на чешкиот турнир и изјави дека ќе одлучи за настапот на САД опен по крајот на турнирот, стравувајќи од раширеноста на корона вирусот во Њујорк.

> Халеп и Мертенс ќе играат за титулата од Прага <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја