Утрински Весник
Свет

Австралиец со голи раце удирал ајкула за да ја спаси својата сопруга

Австралиец со голи раце удирал ајкула за да ја спаси својата сопруга

Човек од Австралија скокнал од својата даска за сурфање на ајкула која ја нападнала неговата сопругата и го удрил морското живото неколку пати, додека тоа не ја пуштило жената, пренесува Би-би-си.

Шантел Дојл (35) сурфала на плажата Шели во Нов Јужен Велс кога била нападната од ајкулата. Нејзиниот сопруг тогаш започнал да ја удира ајкулата сè додека не ја ослободил, а потоа ја однел сопругата на брегот. Таму, случајни минувачи на жената и дале прва помош. Дојл потоа била однесена во болница со тешки повреди на десната нога.

Експертите веруваат дека несреќната жена била нападната од голема бела ајкула со должина до три метри. Од службата за спасување го пофалиле нејзиниот сопруг Марк Рапли поради брзата и смела реакција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп