Утрински Весник
Македонија

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со патниците болни од Ковид-19 кои поминале низ земјава не дискредитира како држава

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство. Ова е официјалното соопштение и образложение со кое што надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на Ковид-19, од нашата земја, слетува во друга држава, во конкретниов случај во Финска.

Дополнително, во официјалното соопштение се вели:„Според Министерството за здравство, станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во земјава, или транзирираат од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата”.Се поставува прашањето дали надлежните институции прават каква био контрола на патниците кои што слетуваат во земјава, коишто транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде не позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата од Ковид-19? Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји кои што сеуште не ни ги имаат затворено границите? За патниците кои транзитираат преку Р.Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која што доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или пак директно летаат кон следната дестинација? Постои ли каква било каква контрола или одговорност за еден ваков случај кој што потенцијално дополнително не дискредитира како држава во однос на начинот на кој што ја менаџираме Ковид-19 кризата?“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме