Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за парламентарно мнозинство.

„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба минатата недела во рамките на Собранието. На таа средба Ахмети ме информираше дека ќе почне преговори со СДСМ, со изговор дека тоа е партијата која што победила во македонскиот блок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека му посакал среќа на Ахмети во преговорите, иако не се согласувал со неговиот став дека СДСМ е партијата победник меѓу Македонците.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот после неговата верификација на мандатите на пратениците има 40, а СДСМ има 32. Коалицијата која ја предводи на ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42“, рече Мицкоски.

Според него, принципите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и тие нема да прифатат диктати и уценувања.

„Кога ќе имаме парламентарно мнозинство ќе ја информираме македонската јавност“, рече Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Патешествие низ времиња“ од Ибраим Џемаил-Скарабеус добитник на наградата „Стојан Христов“ за 2026 година

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

Министерството за култура и туризам со реакција на соопштението на СКРМ