Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МВР: Актите за двојазичните унифрми треба да се достават до Владата

Приведени лица од Ерџелија за поткуп во врска со изборите
Img 7972

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците, откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти за воведување двојазични натписи на униформите на Полицијата, како и правно толкување во однос на тоа што треба да преземе Министерството за внатрешни работи во идниот период.

Од МВР соопштија дека актите за двојазичните униформи треба да се достават до Владата.

„Во Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/19) во членот 1 е утврдено дека на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Во продолжение на истиот член се утврдува дека друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон.

Согласно член 8 став (3) од наведениот закон, униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Во членот 23 е утврдено дека во рок од една година од денот на влегувањето на сила на овој закон сите надлежни институции се обврзани да ги донесат подзаконските акти за спроведување на овој закон. Во истиот член е предвидено и дека во рок од една година одредбите од другите закони се усогласуваат со одредбите на овој закон, а во случај на неусогласеност на одредбите на овој закон со јазичните одредби на друг закон, органите се должни да ги применуваат одредбите од овој закон.

Во таа насока постапувајќи по цитираните законски одредби, на 11.07.2019 година во рамки на Министерството за внатрешни работи формирана е работна група со задача да изврши анализа и усогласување на прописите за униформата на Полицијата со одредбите од Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/19) и со Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/19).

Како резултат на работата на наведената работна група, изготвени се текстови на Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата.

Имајќи го предвид изнесеното, објавата на министерот Нухиу се однесува на потпишување на актите кои треба да се достават до Владата. Имено, Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата ја носи Владата на Република Северна Македонија, а по нејзиното донесување се носи Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата од страна на министерот за внатрешни работи“, нагласува МВР во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филмски грабеж во центарот на Гостивар – вооружени лица со калашникови ограбија златара

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда