Утрински Весник
Свет

Во БиХ рекордни 16 смртни случаи како последица од Ковид-19

Во БиХ рекордни 16 смртни случаи како последица од Ковид-19

Босна и Херцеговина денеска регистрираше рекордна дневна бројка од 16 смртни случаи поврзани со инфекција од коронавирус, со 173 новозаразени лица, покажуваат податоците од тамошниот Институт за јавно здравје.

Десет лица починале во федерацијата БиХ, каде во изминатите 24 часа биле направени 596 тестови, а инфекцијата била потврдена во 73 случаи.

Останатите шест смртни случаи се од областа на Република Српска, каде биле тестирани 519 примероци, а во 98 случаи била потврдена инфекција со вирусот. Уште две заразени лица се регистрирани во округот Брчко.

Поединечно, најмногу заразени има на подрачјето на Сараево и Бања Лука.

Кризниот штаб во Сараево тврди дека ширењето на инфекцијата е под контрола.

„Има благо подобрување и очекуваме пад (во бројот на заразени)“, рече денеска Кемал Бегановиќ, член на кризниот штаб.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз