Утрински Весник
Спорт

Милан и Интер „се лактаат“ за стоперот на Фиорентина

Милан и Интер „се лактаат“ за стоперот на Фиорентина

Екипата на Милан беше првата која тргна во потера по српскиот интернационалец во редовите на Фиорентина, стоперот Никола Миленковиќ, но информациите што денеска доаѓаат од Италија велат дека и Интер е заинтересиран за неговите услуги.

Милан сака да направи размена со „виолетовите“, во Фиренца да го испрати Бразилецот Лукас Пакета, а Миленковиќ да дојде на „Сан Сиро“.

Интер пак, според информациите, е поконкретен. „Нероазурите“ наводно нудат 40 милиони евра за Србинот да прејде во екипата на Конте, пари кои се доволни за сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо да го пушти во Милано.

Засега нема конкретна понуда, но двата големи ривали од Милано ќе се надмудруваат допрва.

> Милан и Интер „се лактаат“ за стоперот на Фиорентина <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските спортисти тргнуваат во битка за медали – рекордна делегација на Игрите во Таранто

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото