Утрински Весник
Спорт

Арсенал го „врзува“ Обамејанг со 250.000 фунти неделна плата

Арсенал го „врзува“ Обамејанг со 250.000 фунти неделна плата

Челниците на Арсенал се во големи проблеми, намалуваат дел од вработените во клубот поради корона-кризата. Сепак првите луѓе на лондонскиот клуб ќе мора да го „одврзат ќесето“ ако сакаат на „Емирати“ да го задржат најдобриот сезонава, напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Англиски „Телеграф“ пишува дека пред капитенот е нов и значајно појак договор.

„Топчиите“ сакаат да го задржат Обамејанг и за тоа се подготвени да му даваат неделна плата од 250.000 фунти.

Со актуелниот договор репрезентативецот на Габон добива по 180.000 фунти неделно, но во Арсенал се загрижени затоа што неговиот договор истекува веќе следната година.

Менаџерот Микел Артета во Обамејанг гледа централна фигура во својот проект иако подолго време се шират шпекулации за негов трансфер во Реал Мадрид, Барселона…

Месут Озил и понатаму е рекордер кога станува збор за заработувачката во Арсенал. Тој добива 350.000 неделна плата иако подолг период не ги прикажува игрите кои од него се очекуваат.

Обамејанг во Лондон стигна во 2018 година и оттогаш постигна 54 гола на 85 меча во Премиерлигата.

> Арсенал го „врзува“ Обамејанг со 250.000 фунти неделна плата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури