Утрински Весник
Македонија

Уапсен велешанец кој се обидел да силува девојка

Триесет и едногодишен маж од Велес вчера бил приведен, откако девојка го пријавила во полицијата поради обид за силување.

Таа навела дека инцидентот се случил околу 2 часот, на автопат Скопје -Велес во близина на исклучокот за манастирот Свети Јован, додека таа се превезувала во неговиот автомобил. Според пријавеното, тој физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба.

За настанот е известен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скандал на македонско-албанската граница: Со дипломатски пасоши чекале еден час, па биле вратени

НАТО воведе нов стандард 5% од БДП за одбрана и безбедност вели Шеќеринска

Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот во НАТО за деблокада на патот кон ЕУ