Утрински Весник
Свет

Корона-жариште во Белгија: Заобиколете го Антверпен

Корона-жариште во Белгија: Заобиколете го Антверпен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последната недела од јули Белгија дневно регистрира просечно 328 новозаразени со коронавирус.

Бројот на заразени со вирусoт Ковид-19 во Белгија изнесува 32 заразени на 100.000 жители, што претставува зголемување од 177 проценти во однос на средината на јули и сè уште далеку го надминува официјалниот просек на ЕУ од 20 заразени на 100.000 граѓани.

Најголем број регистрирани нови случаи на коронавирус има во вториот по големина град во Белгија, Антверпен, каде што беше воведен полициски час во текот на неделата со цел да се запре ширењето на вирусот.

Холандија го стави Антверпен во таканаречената портокалова зона на ризик и ги предупреди своите граѓани да го заобиколат тој град и околината.

Министерството за надворешни работи на Холандија им препорачува на своите граѓани дека можат да патуваат низ Антверпен, но да не застануваат дури ни за гориво.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девет загинати 10 ранети по вооружен напад во Јужна Африка

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд