Утрински Весник
Магазин

Мадона се самомотивира додека се опоравува од повреда

Мадона се самомотивира додека се опоравува од повреда

Мадона откри дека е сè уште на патерици по повредата на коленото, но се надева дека ќе танцува наскоро.

61-годишната пејачка претрпе повреда на коленото кога падна од столица за време на настап на нејзиниот концерт „Мадам икс“ во Париз кон крајот на февруари, принудувајќи ја да откаже неколку настапи.

Поп-иконата се појави на Инстаграм во вторникот, откривајќи дека таа сè уште е на патерици пет месеци подоцна и дека се надева пак да танцува наскоро.

Мадона сподели музичко видео од 2005 година на кое игра со ролерки на нозете на хитот на „АББА“ Dancing Queen.

Под видеото напиша: „Ова ми дава надеж дека не само што ќе одам без патерици еден ден наскоро, туку и повторно ќе танцувам и ролам!!“

„Ми недостасува да бидам кралица на танцување !! И да се забавувам најдобро што можам во мојот живот !!“ напиша таа додавајќи хаштаг positivethinkig (позитивно размислување).

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите