Утрински Весник
Магазин

Филмска магија – Париз ја претвори Сена во кино на отворено

Филмска магија – Париз ја претвори Сена во кино на отворено

Отворените драјв-ин кина се враќаат во мода со постепеното ублажување на прописите за социјална дистанца и самоизолација среде пандемија на Ковид-19 која ги затвори киносалите ширум светот.

А сега во Париз, љубителите на филмот можат да јадат пуканки гледајќи филм од чамец на реката Сена.

Како дел од Paris Plages, годишната трансформација на делови од Сена во вештачки плажи, љубителите на филмот во саботата беа во можност да се качат на 38 електрични чамци за бесплатно прикажување на француската комедија од 2018 година Le Grand Bain.

„Навистина уживам во кино на отворено. Тоа го означува почетокот на летото, па дури и ако веќе сме во средината на јули, за мене тоа е почеток на париските летни авантури “, рече 25-годишната Елоиз Блом.

„Навистина ми се допаѓа идејата со чамци, идеја што ја поврзува Сена со филм на вода, не сакав да го пропуштам ова“.

На секој чамец може да седат до шест лица кои се познаваат. Организаторите се надеваат дека ќе одржат повеќе настани и слични вакви активности за време на шестнеделните свечености познати како Paris Plages . Други посетители може да гледаат од лежалки додека екранот лебди над Сена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност