Утрински Весник
Спорт

Интер го продава Ериксен

Интер го продава Ериксен

Кристијан Ерикес во јануарскиот преоден рок за 20 милиони евра го напушти Тотенхем и стана играч на Интер. Клубот од Лондон мораше да го продаде пред истекот на неговиот договор откако тој ги одби сите понуди да остане во Лондон.

Трансферот на репрезентативецот на Данска го иницираше спортскиот директор на Интер Бепе Марота, тренерот Антонио Конте повеќе го сакаше Артуро Видал во својот тим.

Ерикесен не се прилагоди најдобро на новиот тим, ниту на градот Милано. Се уште живее во хотел. Не добива многу простор кај тренерот Конте, кој по победата над Торино му порача на Данецот „дека Италија не е Англија и мора сериозно да ја свати Серија А“.

Поттикнати од оваа изјава на Конте одделни италијански медиуми денес шпекулираат дека Интер во претстојниот преоден рок ќе се обиде да го продаде Ериксен.

Според нив челниците на клубот од „Џузепе Меаца“ веќе ја одредиле цената за Данецот. Ериксен ќе може да го напушти клубот доколку некој понуди 60 милиони евра за неговите услуги.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Голем скандал во Шпанија – Голманка тајно ги снимала соиграчките под туш

Најдобриот спортист на Балканот ќе биде прогласен во јануари

Кирјос: Допинг случаите со Синер и Швионтек се страшни за тенисот