Утрински Весник
Македонија

На гласање дошол со маска со партиски симбол – полицијата го привела

На гласање дошол со маска со партиски симбол – полицијата го привела

Претседатеот на избирачкиот одбор на гласачкото место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје побарал интервенција од полицијата, бидејќи лице влегло на гласање со маска на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени. При доаѓање на полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир.

На крајот лицето било приведено и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV

Крвава ноќ во Скопје: Убиен 26-годишник, застрелан на Пластичарска