Утрински Весник
Спорт

Лампард по лошиот меч со Норич: Ова е Премиерлига, не е лесно!

Лампард по лошиот меч со Норич: Ова е Премиерлига, не е лесно!

Менаџерот на лондонски Челси, Френк Лампард е свесен дека неговиот тим го очекуваат големи предизвици до крајот на сезоната, но сепак се надева дека ќе успее да обезбеди место во ЛШ за идната сезона.

Синоќа „сините“ се мачеа против веќе отпишаниот Норич, упатија многу шутеви кон противничкиот гол, но само еден стигна до целта.

„Каде сме како тим, каде се наоѓаме на табелата, се тоа зависи од резултатите. Мораме да се движиме побрзо кога ја имаме топката, повеќе да ротираме. Го правевме тоа во одрредени делови од сезоната, а ако сакаме да бидеме подобри, мора тоа да го правиме почесто. Не сакам да бидам премногу критичен после победа, но ова е Премиерлига, не е лесно. Не чекаат два тешки ривали до крајот на сезоната, но одиме чекор по чекор“ – вели Лампард.

Челси е моментно трет со 63 бода, 4 повеќе од Лестер, односно Манчестер Јунајтед. Во последните две кола „сините“ играат против Ливерпул и против Вулверхемптон.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување