Утрински Весник
Македонија

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Двајца колеги од КАРИЛ ќе ги менуваат анестезиолозите што си дале отказ во „8 Септември“

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„ Ова е шестти познат случај во светот каде ковид-19 развил ваква клиничка слика – велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се. Денеска, за првпат се регистрирани рекордни 336 оздравени пациенти!“ напиша Филипче на Фејсбук.

Во болницата „8 септември“ денеска се примени нови девет пациенти, десет оздравеле а двајца починале. На респиратор се четворица пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот

Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба