Утрински Весник
Свет

Кина го негираше притисокот врз папата Франциско да ги ублажи забелешките за Хонг Конг

Кина го негираше притисокот врз папата Франциско да ги ублажи забелешките за Хонг Конг

Кинескиот министер за надворешни работи Жао Лиџијан во четвртокот ги негираше обвинувањата дека Пекинг извршил притисок врз папата Франциско да не зборува за слободата и за човековите права во Хонг Конг за време на неговата молитва Ангелус минатата недела, се вели на официјалната веб-страница на кинеското МНР.

„Не сум запознат со ситуацијата, но се надеваме и веруваме дека луѓето со визија, кои навистина се грижат за Хонг Конг, ќе изберат да дејствуваат на начини од корист за развојот на Хонг Конг. Кина ќе продолжи со конструктивни дијалози со Ватикан и да работи за подобрување на билатералните односи “, рече Жао на прес-конференцијата на 9 јули.

Како што претходно објави „Брејтбарт њуз“, минатата недела папата во последен момент решил да повлече дел од своето обраќање за време на неделното обраќање Ангелус кој се однесувал на слободите во Хонг Конг.

Канцеларијата за печат на Светата Столица во неделата наутро дистрибуираше редактирана копија од зборовите на понтифот до акредитираните новинари, вклучително и став со 150 зборови со Хонг Конг, кој папата на крај го прескокна.

Пропустот предизвика значителна полемика кај набљудувачите на Ватикан, при што некои посочуваат дека Кина извршила притисок врз папата да ги испушти коментарите за Хонг Конг. Ова е непромислена теорија со оглед дека тоа би значело оти Кина однапред имала копија од обраќањето на папата и контактирала со него во меѓувреме за да го убеди да не го кажува тоа.

Во најдбар случај – и најверојатно – станува збор за недостиг од комуникација помеѓу писателите на говорот во Ватикан и папата околу прашањето на Хонг Конг или зелено светло од Франциско, кој размислил подобро и го скокнал пасусот.

Всушност, Ватикан студиозно избегнуваа да ја критикува Кина за злоупотребите на човековите права и папата ја минимизираше тежината на ситуацијата во Хонг Конг кога директно беше прашан за тоа.

Ватикан зазеде спротивен став, ангажирајќи се во постојана офанзива на шармирање на Пекинг со надеж дека ќе може да воспостави формални дипломатски врски со кинеската Комунистичка партија (ККП). Папата тврди дека ККП ја штити верската слобода во Кина, додека претседателот на Папската академија на науките ја прогласи Кина за модел за католичко социјално учење во пракса.

Поранешниот бискуп на Хонг Конг, кардиналот Џозеф Зен (88), неодамна изјави дека е подготвен да биде уапсен и суден според угнетувачкиот нов Закон за национална безбедност.

Кон крајот на мај, кинескиот Национален народен конгрес (НПЦ) набрзина го донесе нацрт-законот со кој се елиминира автономијата на Хонг Конг и ѝ се овозможува на Комунистичката партија да казни секого во автономниот град за злосторства како што се сецесијата и за дела против националната безбедност.

На 30 јуни кинескиот претседател Сји Ѓинпинг потпиша указ со кој е донесен Закон за национална безбедност, предизвикувајќи масовна загриженост кај учесниците на хонгконшкото продемократското движење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток