Утрински Весник
Свет

Исчезнатиот градоначалник на Сеул пронајден мртов, оставил проштално писмо

Исчезнатиот градоначалник на Сеул пронајден мртов, оставил проштално писмо

Градоначалникот на главниот град на Јужна Кореја, кој исчезна откако беше обвинет за сексуално вознемирување, е пронајден мртов рано утрово, неколку часа откако неговата ќерка објави дека оставил вербална порака што звучела како проштална порака, пренесува „ Јонхап“.

Полицијата го пронајде Парк Вон-Сун (64) мртов откако започна масовна потрага по него во ридовите што се протегааат низ северниот дел на Сеул, каде што последен пат бил откриен сигнал од неговиот мобилен телефон.

Полицијата соопшти дека немало назнаки на кривично дело на местото на настанот, но одбила да ја открие причината за смртта на градоначалникот, кој оставил проштално писмо во кое им се извинил на сите и побарал да биде кремиран, а пепелта да му биде растурена врз грбовите на неговите родители.

Сеулската телевизија СБС објави дека една од секретарките на градоначалникот поднела тужба до полицијата ден порано за наводно сексуално вознемирување коe започналo во 2017 година.

Во извештајот, кој не наведува никаков извор, се вели дека жената им рекла на истражителите дека неодреден број други жени вработени во Градското собрание претрпеле слично сексуално вознемирување од страна на Парк. МВЦ ТВ објави сличен извештај. Полицијата и канцеларијата на градоначалникот соопштија дека не можат да ги потврдат извештаите.

Парк Вон-Сун си изгради репутација како граѓански активист пред да биде избран за градоначалник во 2011 година. Тој беше ѕвезда во подем во либералната Демократска партија на претседателот Мун Џaе-ин и го сметаа за можен претседателски кандидат на изборите во 2022 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење