Утрински Весник
Македонија

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна возраст, поради компликации поврзани со Ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово

Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на коронавирусот. По 15 дена болничко лекување ја загубил битката со болеста.

„Доктор Деари беше само на неколку месеци до пензионирањето, тој е првиот лекар кој почина од компликации со коронавирусот“, напиша Филипче кој изрази жалење и длабоко сочуство до семејството.

Министерот воедно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.

Текстот Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег