Утрински Весник
Економија

Поголем број дневни награди од по 1.000 денари за скенирање сметки

Поголем број дневни награди од по 1.000 денари за скенирање сметки

Министерката за финансии на Фејсбук профил објави дека наградната игра „Мој ДДВ“ се прилагодува на Ковид-19 состојбата и дека ќе има поголем број дневни награди од по 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија.

Министерката најави и променети износи на награди за месечните и главното извлекување.

Наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари, секој ден ќе се доделуваат по 30 награди од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена, односно ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари, информираше Ангеловска.

Текстот Поголем број дневни награди од по 1.000 денари за скенирање сметки е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Енергија, инфраструктура и високи технологии: новата агенда на македонско-американското партнерство