Халифакс, 30 јуни 2020 (/) – Брачниот пар, холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли даруваа 200.000 долари во полза на иницијатива за лидерство за жените староседелки во Канада. Проектот е на Универзитетот „Сент Френсис Зејвиер“ на Нова Шкотска, поточно на Институтот Коуди, и првичната цел е да се соберат милион долари.
Инаку, Рајан Рејнолдс е Канаѓанец по националност, роден во градот Ванкувер.
„Со задоволство што ја поддржуваме неверојатната програма на Институтот Коуди и нивната работа за поддршка на староседелките. Ние сме вџашени (во позитивна смисла) од разговорите што ги имавме и – со нетрпение очекуваме да се придружиме на ова патешествие“, изјавија Рејнолдс и Лајвли во своето соопштение.
Јуни е прогласен за Национален месец на историјата на домородците во Канада, а активностите околу тоа чествување привршуваат денеска. си/сд/