Утрински Весник
Сцена

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Лос Анџелес, 30 јуни 2020 (/) – По 24 години брак, сопругата на познатиот американски рапер Доктор Дре – Никол Јанг поднесе документи за развод.

Подробности сѐ уште не се соопштуваат. Како двојката, така и нивните застапници сѐ уште не дале свој коментар за јавноста.

Андре Јанг (55) и Никол заедно имаат две деца: синот Трус и ќерката Трули. Доктор Дре денес има и четири други деца од претходно, а неговиот син Андре Јанг Помладиот загина 2008 година во сообраќајка, кога имал 20 години.

Никол Јанг претходно беше мажена за НБА-кошаркарот Седал Трит.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка

Стомачна танчерка доби три години затвор поради „сексуално сугестивна“ објава на интернет